slobodan28 јули, 20101min00
Mata-Hari_1910

Мата Хари е уметничкото име на Маргарета Гертруида, холандска егзотична танчерка и куртизанка, која била погубена поради шпионажа за време на Првата светска војна.
Таа е родена во Леуварден, Холандија, на 7 август 1876 година и била најстарото дете на Адам Зеле и неговата прва жена. Маргарета имала тројца браќа. Нејзиниот татко имал продавница за изработка на шапки и инвестиции во нафтената индустрија, така што децата имале раскошно детство, а Маргарета била испраќана само во најекслузивните училишта до возраст од 13 години. Таткото на Маргарета банкротирал во 1889 година, нејзините родители се развеле, година после тоа починала мајка и, а татко и се преселил и преженил во Амстердам. Семејството и се распаднало, а Маргарета се преселила кај нејзиниот кум, Хер Висер. Во Леиден таа учела да стане воспитувачка на деца, но кога директорот на училиштето почнал да флертува со неа, таа била избркана од институцијата од нејзиниот навреден кум. По само неколку месеци таа се преселила кај вујко и во Хаг. Во 1903 година Маргарета се преселила во Париз, каде што почнала да настапува како циркуски јавач на коњ под името Дамата Мек Леод. За да заработува повеќе пари, почнала да позира, најчесто гола пред сликарите и фотографите. Веќе во 1905 година започнала да добива слава како егзотична танчерка, и од тогаш го присвоила името Мата Хари, кое значи око на зората. Габриел Аструк станал нејзин личен агент за организација на настани. Промискуитетноста и способноста за инфилтрирање во сите кругови на општествениот живот и помогнале да стане славна преку ноќ. Таа станала љубовница на еден милионер од Лион. Се претставувала како јава принцеза на Хиндуистите, преправајќи се дека уметноста на нејзиниот индиски танц ја има уште од детството. Мата Хари била исто така и успешна куртизана. Позната по својата сензуалност и еротичност, имала врски со високи воени офицери, политичари, луѓе на влијателни позиции, вклучувајќи го и германскиот престолонаследник, кој плаќал за нејзиниот луксузен живот. Нејзините односи и врски со моќните мажи често ја воделе и во интернационални кругови. Пред Првата светска војна таа била перцепирана како уметник и разигран боем, но како војната се приближувала, на неа почнало да се гледа како на промискуитетна, опасна заводничка. Со избувнувањето на Првата светска војна, прекуграничните врски на Мата Хари со германски политичари и воени личности го свртеле вниманието на француската тајна полиција, и била ставена под надзор. Француската наредба била таа да замине за неутралната Шпанија и да почне да развива односи со германската морнарица и армија, а потоа да дава извештаи за било какви заговори и шпионажа назад во Париз. Во светот на шпионажата секогаш постои верување за двоен шпион, па така се развиле сомневања и за Мата Хари, која во февруари се вратила во Париз и веднаш била уапсена, поради верување дека била шпион и за Германија. Но Пет Шипман тврдел дека Мата Хари никогаш не била двоен шпион и дека таа била употребена како жртвено јагне од страна на шефот на француската разузнавачка служба. Сепак, утрото на 15 февруари 1917 година, Мата Хари ја разбудиле од ќелијата и била пренесена до касарната во периферијата на градот, каде што била погубена на 41 година. Фактите за случајот остануваат нејасни се до 1985 година, кога запечатените документи што се чувале во Франција биле побарани од биографот Расел Ворен Хоу, кој го убедил францускиот министер за национална одбрана да ја пробие дадотеката и да му ги даде информациите. Се воспоставило дека Мата Хари била невина по нејзините обвиненија за шпионажа. Телото на Марта Хари не било побарно од ниеден член на семејството, затоа се искористило за медицински студии. Нејзината глава била балсамирана и се чува во музејот на анатомија во Париз, но во 2000 година архивари откриле дека главата изчезнала, најверојатно со преселбата на музејот на друга локација. Евиденцијата покажува дека музејот подоцна ги добил и другите остатоци од телото. Во врска со нејзиниот живот и погубување се ширеле разни гласини, на пример дека нејзин последен збор бил “Милост”, како и дека го отворила палтато, го покажала голото тело и рекла: “Блудница да, но предавник никогаш”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag