Холивудскиот актер Леонардо ДиКаприо поради еколошка заштита на средината не користи дезодоранси, а се тушира само два до три пати неделно, пренесуваат амаериканските таблоиди.
“Леонардо одбива да користи дезодоранс , бидејќи смета дека со тоа се нанесува штета на околината. Ваквиот став веќе почнува да ја нервира неговата девојка Ерин Хитерто”, изјавил еден негов пријател.
“Тој се тушира неколку пати неделно и користи само вода”, изјавил неименуван извор.
ДиКаприо е голем активиста на заштитата на животната средина, а покрај тоа што редовно рециклира, вози и еколошки хибридни автомобили.