Потребни состојки:
350 гр. макарони
3 чешниња лук
120 гр. рукола
300 гр. домати
50 гр. маслинки
Сол и црн пипер
3 лажици масло
50 гр. кашкавал
1 лажица вегета
Припрема:
Макароните сварете ги во солена вода па исцедете ги. Излупете ги доматите, исецкајте ги на коцки, посолете ги, оставете ги да отстојат па исушете ги со впивачка хартија.
Во голема тава на загреано масло испржете ги оматите, додадете го ситно сецканиот лук, сецканите маслинки, вегетата и сол и црн пипер, па промешајте.
Потоа во тавата додадете ги макароните, малку од течноста во која се вареа и динстајте, па откако ќе испари течноста, додадете ја руколата и кашкавалот и промешајте. Сервирајте во чинии. Добар апетит!