Состојки:
- 1 лимон
- 2 лажици путер на собна температура
- 2 лажици сецкан свеж коријандер или магдонос
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- 1 лажица масло
- 4 филети сом (секој по 200гр)
- 1 лажица зачин за риба
Подготовка:
Изрендајте ја кората од лимонот, а потоа пресечете го и исцедете го сокот. На кората и сокот додадете коријандер, путер и лук. Измешајте и соединете, и оставете го настрана.
Загрејте масло на тава, на многу силен оган. Зачинете ја рибата. Кога маслото во тавата ќе биде доволно загреано, додадете ја рибата и пржете без да ја поместите, додека рибата по работ не потемни и стане крцкава, вкупно околу 4 минути. Свртете ја рибата и пржете додека не почне да се двои при благ притисок одозгора, околу 2 минути.
Префрлете ја рибата на чинија за сервирање, и секое парче прелијте го со подготвената смеса од путер.