Без разлика за кој остров ќе се одлучите, јужно или северно, ќе Ве опкружи убавината на ова рајско место.
Нов Зеланд е релативно млада островска држава во Јужен Пацифик, и најоддалеченото човечко живеалиште од Европа, на целата Земја. Од минатиот век, ова место е популарна дестинација за светски патници. Порано, најчесто било посетувано од страна на трговци.
Најголем, најубав, но не и главен град е Окланд со 1.330.000 жители. Градот се наоѓа на северен, навистина преубав остров. Освен тоа што од едната страна излегува на Пацификот, а од друга страна на Тасманиското море, она што го прави посебно се 59 вулкани. Секаде се наоѓаат плажи, мали и големи пристаништа и шеталишта. Најголемо уживање ќе почувствувате додека шетате низ заливот Ориентал.
Главен град е Велингтон, најјужното место на северниот остров, кој има 180.000 жители. За време на викенди, овде улиците се полни со улични кловнови, играчи, шетач и други слободни уметници. До местата, кои сигурно ќе Ве воодушеват, Ве води плажа долга 135 километри.
Местото каде што се сретнуваат Пацификот и Таманиското море го карактеризира и голем светилник кој датира од 1879 година. Тука е и заливот во кој плажите се доста питоми и каде можете да се бањате со делфини.
One comment
Lidija
31 март, 2012 at 23:11
Se soglasuvam za severniot ostrov no kako sto gledam go zaboravivte Juzniot ostrov a toj dominira so mnogu pogolema prirodna ubavina.