Потребно ви е:
200 гр кокос,
250 мл млеко,
2 пакетчиња ванила,
75 гр шеќер,
30 гр желатин,
250 гр слатка павлака,
една млечна чоколада.
Млекото се затоплува, се додаваат ванилата, шеќерот и желатинот. Се меша и се додава кокосот. Се остава смесата да се излади. Павлаката се разбива со една лажица шеќер и се додава внимателно кон останатата смеса. Потребен ви е правоаголен сад кој ќе го обложите со фолија, а потоа смесата нанесете ја тука. Смесата треба да стои една ноќ во ладилникот. Наредниот ден смесата е веќе готова, се сече на парчиња кои се потопуваат во претходно стопеното чоколадо.