Во пролетта 1962 година, мајката на пест деца легнала на операциониот стол во тексашката болница и по два часа операција се разбудила со поголеми гради.
Денеска, педесет години подоцна, зголемувањето на градите со силоконски импланти е секојдневие и е најпопуларниот естетски хируршки зафат. Годишно околу милион и пол жени ги вградуваат силикони.
Timmie Jean Lindsey е првата жена која вградила силикони, денеска таа има 80 години и добро се чувствува.
„Изгледаа совршено. Беа меки како природни гради. Мажите гледаа во мене кога излегував на улица“, открила таа за Би Би Си.
Водечки земји според бројот на жени кои имаат вградено силикони според податокот од 2010 година се:
- САД
- Бразил
- Мексико
- Италија
- Кина