Актерот Брус Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг Вилис добиле прво заедничко дете, а според странските медиуми, Ема родила девојче.
“На ќерката и дале име Мабел Реј Вилис и се пресреќни бидејќи бебето е родено здраво. И мајката и детето се чувствуваат добро”, пренесуваат американските медиуми за веста за приновата во Холивуд.
Брус (57) и Ема (33) во јануари потврдиле дека очекуваат бебе. Познатиот актер по втор пат се оженил пред две години. Брус има три ќерки од претходниот брак со Деми Мур, Румер(23), Скаут (20) и Талула(18).