Susanne Klatten 48 годишната германка и 35-та на листата на Форбс за најбогати лица во светот, изјавила на суд дека поради љубов му дала скоро 7 милиони евра на жиголо, кој подцна ја уценувал. Клатен раскажала како се заљубила во Helg Sgarbi, кого го запознала во луксузен спа центар и во рок од неколку недели станале љубовници.
Меѓутоа, година дена откако започнале врска, Хелг понал да бара пари од Сузан, првиот пат со изговор дека го прогонува мафија, бидејќи во Мајами со кола ја удрил ќерката на кумот.
“Прв пат кога ми побара пари, му дадов седум милиони евра – не затоа што ме уценуваше, туку од чиста љубов“, изјавила богатата наследничка. Но, кога почнал да ја уценува со 45 милиони евра со закана дека ќе ги објави нивните приватни фотографии и видеа, таа одлучила да го пријави во полиција.
Подоцна е утврдено дека нивната средба била однапред испланирана од страна на Ернанија Барнет, против кого неодмана започна судење во Пескара. Во неговата куќа пронајдени се слики од Хелг и Сузан, но и со други жени. Хелг бил уапсен во 2009 година и осуден е на шест години затвор.
Сузан Клатен, која е мајка на три деца, тежи над 6,7 милијарди евра, пред се највеќе поради акциите во компаниите BMW и хемискиот концерн Altan.