Слепото момче седеше на скалите пред една зграда со шешир до своите нозе. Тоа држеше мала табличка со натпис: Јас сум слеп! Ве молам помогнете ми! Во шеширот имаше само неколку монети…
По улицата одеше еден човек. Тој извади неколку монети од џебот и ги фрли во шеширот до момчето. После тоа мажот ја зеде табличката, ја сврти од другата страна и напиша неколку зборови, после што се одалечи. Многу скоро шеширот почна да се полни со монети. Многу луѓе оставаа монети во шеширот на слепото момче…
Истиот ден покасно, мажот кој го напиша новиот натпис на таблата се врати за да види како се одвиваат работите. Момчето го препозна ( на начинот на кој слепите само умеат) и го праша:
„Нели вие сте истиот човек што утрово го смени натписот на мојата табла? Што напишавте?“
Мажот одговорил:
„Јас само ја напишав вистината. Го напишав истото што и ти го имаше напишано, само на поинаков начин.“ Тоа што мажот го беше напишал на табелата гласеше:
„ДЕНЕС Е ПРЕКРАСЕН ДЕН, НО ЈАС НЕ МОЖАМ ДА ГО ВИДАМ.“
Мислите ли дека првата и втората табла зборуваат едно исто? Секако дека и двете табли покажуваат на луѓето дека момчето е слепо. Но првата само може да те натера да се сожалиш или не и да оставиш паричка во капата. А втората табла им покажува на луѓето дека тие можат да уживаат во прекрасниот ден, но момчето нема да може, затоа што е слепо.
…Понекогаш е потребно сосема малку, за човек да се замисли и да почне да ги цени даровите кои ги има, и кои често се запоставени од сите нас…
Научи се да си благодарен за даровите во твојот живот! Сети се за оние кои имаат помалку и…
Помагај со што можеш!