Понекогаш науката не изненадува со темите и објектите на своите анализи. И ете благодарение на нив уште една загатка е решена – веќе знаеме дека четврток е најдобриот ден за секс.
Научните информации сочат дека во четврток човечкото тело произведува најактивно сексуални хормони и хемијата меѓу партнерите е многу посилна отколку останатите денови во неделата. По истата логика вторник е избран како ден во кој најмалку ќе уживате во сексуалниот чин, па нека не ве изненадува ако сексот во вторник биде лош.
Но да се вратиме на перфектниот четврток. Раните утрински часови се идеалниот момент за екстремно добри полови контакти – тогаш нивото на тестостерон кај мажите е највисоко, а естрогенот кај жените е со пет пати повисока концентрација. Четврток е исто така најдобриот ден за забременување!
Резултатите од истражувањето спроведено во Лондонскиот центар за економија и политички науки е објавено во сп. „Психологијата денес“.