admin6 април, 20122min00

А
Ако ја сонувате буквата А, значи добар почеток во работата.

АБАЖУР
ќе имаш среќа во работата, ако ти го правиш – некому ќе му донесете среќа во работата.

АБОРТУС
Чувствувате неоправдан страв. Пази се од озборување.

АВАН
Оној кого го сакаш недостоен е за твојата љубов или не ви одговара; ако работите со аван – гости.

АВАНТУРА
Ако доживеете авантура – опасност, Ако гледаш други да имаат – ќе бидеш сведок во некоја кавга.

АВИОН
Ако правите авион – неисполнети желби; ако гледате авион – позитивна промена; ако се возите со авион – ризикот ќе ви успее; ако скокнете од авион – пазете се од повреди.

АВТОБУС
Не дозволувајте работата да ве преокупира.

АВТОМОБИЛ
Да се возиш – напредок во работата; ако гледате како поминува автомобил – ќе чуете гласови; автомобилска несреќа – не трудете се нема да успеете.

АГЕНТ
Ако видиш агент – загуба; пази се од ласкави пријатели.

АГОЛ
Некој неуспех ќе ве потeшти.

АДВОКАТ
Грижи и трошење пари; ако разговарате со адвокат – непријатности.

АЕРОДРОМ
некои тајни ќе ти излезат пред очи.

АДРЕСА
Ако ја видиш – посета; ако ја пишувате – издаток.

АЗБУКА
Ако видите, читате азбука – ве чека голема и тешка работа.

АЈВАР
Желбите нема да ви се исполнат.

АЈКУЛА
Пазете се од некоја опасност.

АКВАРИУМ

Грижи во врска со пари; ако е полн со риби – добиток.

АКНИ
акни или флеки по лицето – ќе слушнеш озборување за тебе.

АКРОБАТ
Успех во работата; ако вие сте акробат – ќе решите некои проблеми.

АКУМУЛАТОР
Добивка; празен акумулатор – загуба.

АЛАТ
Унапредување во работата.

АЛИМЕНТАЦИЈА
Ве очекува непријатен настан; ако ја добивате – ќе излезете од некоја непријатна ситуација.

АЛКА
Ако ја носите – љубовен настан; ако видите алка – не сте извршиле некоја обврска; пукната алка – разделба за подолго време.

АЛКОХОЛ
Долг живот и здравје; ако пиете алкохол – лажни пријатели; ако пиете алкохол во друштво – ве очекува веселба.

АЛТАНИ

Богатство; ако примате алтани – ќе ви се остварат очекувањата; ако плаќате со алтани – ве очекува длабока старост.

АМАЈЛИЈА
Среќа и заштита; ако ја носиш – љубовен настан.

АМАЗОНКА
Кавги во куќата.

АМБАР
Благосостојба и среќа во фамилијата; празен амбар – залудно се надевате.

АНАНАС
Веселба во друштво; ако јадеш – паричен добиток.

АНГЕЛ
Ако видиш ангел – имате заштита за која не знаете; ако разговарате со ангел – многу желби ќе ви се исполнат; ако се сонувате како ангел – болест, несреќа.

АНТЕНА
Ќе чуете добра вест.

АНТИКВАРНИЦА
Чувај се од најблиските, неуспех.

АПЕТИТ
Внимавајте на парите.

АПЛАУЗ
Желбите нема да ви се исполнат; ако ви аплаудираат – премногу сте горди за да успеете; ако сами аплаудирате – не завидувајте им на другите за нивниот успех.

АПСЕЊЕ
Ќе бидеш обвинет без причина.

АПТЕКА
Ненадејна среќа; ако бидеш апотекар – добра заработка.

АРАП
Добри вести; да се видиш себе си како арап – грижи во куќата; арап како јава – чувај се од неприлики на патот.

АРСЕНАЛ
Кавга.

АРТИСТ
Бидете претпазлив во работата; aко сте вие артист – парична загуба.

АРХИВА
Сте вложиле пари во сомнителни работи.

АТЕНТАТ
Сплетки и завист.

АТЛЕТ
Успех во работата; ако сте вие атлет – непријатно изненадување.

АТОМСКА БОМБА
Изненадување со непријатен крај.

АФИОН
Грижи во љубовта; ако јадете афион – не претерувајте во барањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag