БАБА
Ако сонувате баба – јад, грижи и љутина; баба во друштво -чувај се од женски соседи.
БАГРЕМ
Ако видиш багрем – тага; расцветан багрем – успех.
БАДЕМ
Ќе ви дојде пријател во куќа; расцветано бадемово дрво – ќе ви се исполнат желбите; нерасцветано бадемово дрво – ќе мора да почекате за да ви се остварат желбите; бадем (плод) – ве очекува искрена љубов.
БАЈКА
Радост во фамилијата; ако слушате бајка – некој ќе ве излаже; ако раскажувате бајка – безуспешно ќе се обидувате да лажете.
БАЈОНЕТ
Покана за војска.
БАКАР
Треба да почекате желбите да ви се исполнат.
БАКНЕЖ
Ако некој те бакнe – те лаже; ако бакнеш некого – добар напредок; ако ја бакнете земјата – ќе доживеете понижување; ако сакате да бакнете некого, а не смеете или не можете – жалост; ако бакнете непознато лице – пазете се при љубовните средби; ако бакнете женет/мажена – кавга; ако бакнете некому рака – грижи.
БАКТЕРИИ
Болест.
БАКШИШ
Ако ви дадат бакшиш – ќе ви доверат некоја тајна; ако дадете бакшиш – занесеноста ви носи само штета.
БАЛ
Веселба; ако играте на бал – непријатности; ако се чувствувате пријатно на балот – некому му се допаѓате; бал под маски – угледот ви е во опасност.
БАЛЕРИНА
Трошоци.
БАЛЕТ
Ако играш – ненадејни добри вести; ако гледаш – чувај се од непријатности.
БАЛКОН
Пази се, ти претстои опасност; ако се качувате на балкон – имате непријатели.
БАЛОН
Неостварени желби; многу балони – чувај се од лажливци; балон да експлодира – неуспех и кавга.
БАНАНА
Aко јадете банана – краткотрајна љубов; гнила банана – лага.
БАНКА
Финансиска несигурност.
БАНКАР
Пазете се од шпекулации.
БАНКРОТИРАЊЕ
Ако сонувате дека сте банкротирале – ќе им помагате на пријателите.
БАР
Губиток.
БАРА
Ако се суши – мака и тешка работа; ако ја видиш – оговарање; ако одите низ бара – и покрај целиот труд нема да успеете.
БАРАКА
Неизвесност; ако живеете во барака – ве чека безгрижна иднина.
БАРАЊЕ
Ако бараш некого – ќе се вознемириш; ако на сон барате нешто – желбите ќе ви останат неисполнети.
БАРОМЕТАР
Болест и грижи; променливо расположение во семејството.
БАРУТ
Чувај се од опасност; ако палите барут – несреќа.
БЕГАЊЕ
Грижи и тешкотии; ако не успевате да избегате – сте западнале во големи сплетки; бегање пред мртовец – имате нечиста совест.
БЕДА
Ако сонувате беда – богатство; ако сонувате туѓа беда – ќе се покаете за нешто.
БЕДЕМ
Подарок; ако се качувате на бедем – грижи во куќата.
БЕДРО
Смирете си ги страстите; грди, слаби бедра – кавга во семејството.
БЕЗРЕДИЕ
Ќе бидете омаловажени.
БЕЛА БОЈА
Ве очекува радост.
БЕЛЕЖНИК
Не секирај те се, на крајот се ќе се среди.
БЕЛОУШКА (ВОДНА ЗМИЈА)
Среќа во љубовта.
БЕНЗИН
Радост па разочарување.
БЕРБА
Среќа во љубовта; берба без гроздови – ќе имаш неприлики.
БЕРБЕРНИЦА
Ќе бидете озборувани.
БЕРЗА
Напредок во работата.
БЕС
Опасност; ако владее бес – судски процес; ако сонувате дека другите се бесни, а вие не – среќа.
БЕСИЛКА
Ако гледате како некој виси на бесилка – штета и губиток; ако вие висите на бесилка – ве очекуваат големи успеси, ќе ви се исполнат желбите.
БЕЌАР
Ако сте вие беќар – тага; ако видите беќар – ќе претрпите штета.
БИБЛИЈА
Веселба; ако ја читаш библијата -ќе ти умре некој од блиските.
БИБЛИОТЕКА
Залудно го трошите времето.
БИВОЛ
Радост; див бивол – немил гостин.
БИК
Гозба и веселба; ако бегаш пред него – биди претпазлив околу тебе; многу бикови – пари; ако купувате бик – подготвени сте за кавга; ако на сон убиете бик – ќе совладаш некоја голема препрека.
БИЛИЈАРД
Се оди на подобро; топки за билијард – непостојана среќа.
БИСЕР
Среќна вест; ако добиете бисери на поклон – ќе бидете излажани; ако купувате бисери – лоши вести; ако носите на себе бисери – солзи радосници; бисерна огрлица – чувај се од преправања.
БИСКУП
Добиток на игра; да бидеш бискуп – те чека голема чест.
БИТКА
Ако гледаш битка – опасност; ако учествувате во битка – добиток.
БЛАГАЈНА
Ненадејна вест; полна благајна – благосостојба; празна благајна – губиток.
БЛАГОСЛОВ
Голема веселба; долг живот; ако дадеш благослов – голема добивка; ако одбиете благослов – болест.
БЛИЗНАЦИ
Среќа во фамилијата; на оженетите – среќа, а на неоженетите – грижа; ако на сон добиете близнаци – ќе добиете покана за некоја голема свеченост.
БОБИНКИ
Среќна љубов; ако јадете бобинки на сон – верна љубов; расипани бобинки – пријателите ќе ви помогнат во неволја; ако купувате бобинки – загуба.
БОГАТ ЧОВЕК
Ако си богат – очекувај опасност; ако видиш богатство – загуба.
БОЖУР
Голема радост и среќа во љубовта.
БОЈА
Ако вие бојадисувате – некој ве лаже на работното место; ако гледате како некој бојадисува – болест во куќата; ако на сон гледате пријатни бои – долг живот.
БОКАЛ
Ако пиете од бокал – омилени сте во својата околина или ќе добиете подарок; ако скршите бокал – имате скриени непријатели.
БОЛВА
Лоши вести; ако убиете болва – големи грижи.
БОЛЕСТ
Ако сонувате дека сте болни –радост; ако не оздравите – губиток; ако некој болен лежи – губиток; ако посетувате болен – здравје; ако сте вие болни и ве посети некој – ќе добиете награда или признание; ако негувате болен – среќа и радост; ако бдеете над болен – трудот ќе ви биде награден.
БОЛКА
Ако на сон почувствувате болка – среќата веќе ве чека.
БОЛНИЦА
Напредок во животот; ако излегувате од болница здрави – ќе избегнете некоја опасност; ако влегувате во болница – ненадеен издаток.
БОЛНИЧАР/БОЛНИЧАРКА
Непријатни новости.
БОМБА
Среќно изненадување; ако бомбандираш некого – паричен губиток.
БОНБОНИ
Радост; ако купувате бомбони – расфрлање пари; ако подарувате бонбони – ќе направите добро дело; ако некој вам ви подари бонбони – имате пријател кој ќе ви помогне; ако јадете бонбони – доаѓаат лоши времиња.
БОР
Бор во шума – среќа; ако видиш многу борови – веселба; ве очекува подобрување на ситуацијата.
БОРАЛИШТЕ
Успех во работата.
БОРБА
Ако се борите со некого – тешка работа; ако се бориш со ѕверови – ќе добиеш наследство; ако се бориш со мртовец – откажи се од работата; ако се бориш со жената – неприлики и кавги; ако гледате борба – изгубеното време на крај ќе се исплати; ако се борите во војна – финансиска криза.
БОРОВИНКА
Ако видиш боровинка – веселба и среќа; ако јадете боровинки – задоволство; ако берете боровинки – наскоро ќе ги снема грижите.
БОСИЛЕК
Напредок во работата; ако на сон берете босилек – болест.
БОСОНОГ
Ќе доживееш губиток.
БОЦКИ
Ако се боцнете – загуба; непријатно познанство.
БОЧВА
Полна бочва – задоволство; празна бочва – грижа; бочва без дно – залуден труд.
БРАВА
Помирување со противниците.
БРАВАР
Ќе чуете некоја тајна.
БРАДА
Голема брада – голема чест; мала брада – беда; седа брада – големи грижи; црна брада – здравје / добиток; долга брада – слава; ако на млада девојка и расте брада – некој ќе и откаже љубов; ако сонувате брадеста жена – непријатности; бричење брада – караница.
БРАДАВИЦА
Ако видиш – чувај се од туѓа злоба; ако имаш – ненадејна добивка.
БРАЗДА
Тешка работа;
БРАЗЛЕТНА
Ако носите бразлетна – ќе добиете подарок; ако поседувате бразлетна – среќа; златна бразлетна – блиска радост; бразлетна од лажно злато – имате лоши пријатели; ако ја добиете како подарок – некоја желба нема да ви се исполни; ако украдете бразлетна – веселба.
БРАК
Склопување на брак -кавга; ако го напуштате бракот – добра заработувачка; ако го изневерувате брачниот партнер – пазете се од оган.
БРАНА
Макотрпна работа.
БРАТ
Здравје и долг живот; разделба со брат – изгледи за успех; кавга со брат – ќе ја изгубите работата; ако братот ја напушта куќата – лошо влегува во куќата.
БРАТУЧЕД
Не им верувај на ветувањата; ќе започнете некоја тајна врска.
БРАШНО
Напредок во животот; среќа и задоволство; ако купувате брашно – имате добар пријател; мелење брашно – благосостојба; вреќа со брашно – беда; ако на сон растурате брашно – внимавајте кому му ги кажувате своите планови.
БРЕГ
Ќе ви се оствари некоја желба; стрмен брег – пазете се од итри луѓе; брег со клисура – опасност; ако шетате по брег – променлива среќа; ако стоите на брег – триумф над противниците; пошумен брег – некој ви е неверен; ако на брегот има куќа или дворец – богатство.
БРЕЗА
Ако се качувате на бреза – ќе доживеете непријатности; сува бреза – болест; расцветана бреза – веселба; исечена бреза – среќа.
БРЕМЕНОСТ
Бремена жена – болест.
БРЕСТ
Безгрижен живот.
БРЗАЊЕ
Ако брзате некаде – ќе ви дојдат гости.
БРИЛИЈАНТ
Тешкотии.
БРОД
Ќе добиете помош во последен момент; заринкан брод – големи грижи; брод со сидро– се добро ќе заврши; брод што стои на мирно море – наследство.
БРОДОЛОМ
Грижи и материјални трошкови; потонат брод на дно – богатство.
БРОЈКИ
Ако на сон гледате бројки, а не ги запамтувате – грижа; ако го видите бројот 7 – голема среќа; ако на сон пишувате бројки – на јаве ќе бидете многу ангажирани; ако сонувате повеќе бројки – играјте лото. (види: нула, еден, три, седум, девет, единаесет, илјада).
БРУСЕЊЕ
Добро пази на себе; ќе стекнете непријатно искуство.
БРШЛЕН
Ќе стекнеш нови пријатели.
БУБАЧКА
Идната година добро ќе ја запамтите.
БУВ
Ќе слушнеш лажни вести; ако ги ловиш – макотрпна работа без награда; ако видиш був – болест на некое блиско лице; ако чуете како вика – смрт на некој пријател или близок во фамилијата.
БУДЕЊЕ
Би претстои опасност.
БУДИЛНИК
Ако на сон чуете како ѕвони будилник – некој ќе ве опоменува.
БУКА
Имате верни пријатели.
БУКВА
Ако гледате букви – новост; ако пишувате букви – несреќа; ако учите букви – децата ќе ви приредат некакво задоволство; измешани букви – некој ќе ве надитри.
БУКЕТ ЦВЕЌЕ
Раѓање на дете; ако добиете букет цвеќе – среќа во љубовта; ако дадете букет цвеќе – додворување; свенат букет – неисполнети надежи.
БУМБАР
Чувај се од лажни непријатели.
БУНАР
Ако видиш бунар – среќа и веселба; ако вадите вода од бунарот – женидба; ако бунарот е пресушен – болест; ако паднете во бунар – грижи; ако копате бунар – сиромаштија; ако скокнете во него – среќа.
БУНДА
Ќе наследите голема имовина.
БУНИШТЕ
Ненадеен добиток; ако одите по буниште – непријатности.
БУРА
Ве очекуваат тешкотии и сиромаштија; ако се извлечете од бурата – победа.
БУРГИЈА
Болест, смрт.
БУРЕ
Полно буре – радост; празно буре – кавги; големо буре – благосостојба; мало буре – пазете се од соседите; буре без дно – залудни маки; ако тркалате буре – неочекувана добивка.
БУРМА
Верна љубов.