Каква храна да избегнуваат оние со чувствителен стомак?

popara4 април, 20121min00
iii

Симптомите по кои можеме да го препознаеме чувствителниот желудник и склоноста кон стомачни киселини, е чувството на горчлив или кисел вкус во грлото, подување на стомакот, кркорење на цревата или често ждригање. Понекогаш може да се изрази и како стомачна болка.

Затоа лекарите советуваат да избегнувате консумација на одредена храна:

Цитрусите – најчесто предизвикуваат киселини, особено ако се консумираат на гладен стомак.

Домати – и покрај тоа што тие се извор на многу полезни материи, тие имаат висока концентрација на киселини и можат да предизвикаат доста дигестивни симптоми.

Лук и кромид – исто така се во списокот на храни кои водат до непријатни дигестивни симптоми, и ако и вие сте од оние со чувствителен стомак, треба да ги избегнувате.

Пикантна храна – се она што е зачинето со бибер, црвен пипер, луто и други зачини може да доведе до образување на стомачни киселини кои ќе предизвикаат болка и непријатно чувство покасно.

Кофеин – консумација на кафе и некои видови чај исто така можат да доведат до истите симптоми. Кофеинот ја надразнува слузницата со што се зголемува лачењето на киселина.

Пушењето – е исто така фактор кој има негативен ефект врз стомакот и здравјето секако.

Стресот – еден од основните фактори кои предизвикуваат вакви симптоми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag