Пиле во маринада од ѓумбир

popara9 април, 20121min00
pile

Потребни состојки:

  • 1 пиле
  • 1 парче ѓумбир
  • 4 чешниња лук
  • 1/2 лажица вегета
  • 3 ѕвездички анис
  • 1 лажица мед
  • 125 мл. соја сос
  • 250 мл. супа од коцка
  • 1 кг. компир

Припрема:

Изрендајте го ѓумбирот, додадете ги издробените чешниња лук, вегетата, иситнетиот анис, медот, соја сосот и супата и сето тоа добро промешајте го.

Пилето исчистете го и измијте го, па ставете го во огноотпорен сад и прелијте го со маринадата. Компирите исецкајте ги и наредете ги околу пилето, па посолете ги и прелијте ги со малку масло за јадење. Покријте го садот. Гответе во загреана рерна на температура од 200 степени околу 80 минути, со повремено долевање на вода.

10тина минути пред крај тргнете го капакот од садот и оставете пилето да порумени. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag