250 гр. банана
250 гр. путер
250 гр. шеќер во прав
0.5 мл. млеко
14 лажици шеќер
13 јајца
12 лажици брашно
2 лажици џем од кајсии
1 чаша шлаг
Припрема:
Изматете 5 јајца со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно и испечете кора во кружна тава.
Другата кора направете ја од 5 јајца, 5 лажици шеќер и 4 лажици брашно и испечете ја во четвртаста тава. Оваа кора премачкајте ја со џем и свиткајте ја во ролат.
Фил: три жолчки, 4 лажици шеќер и 3 лажици брашно сварете ги промешани во млекото. Изматете го путерот со шеќерот во прав и додадете го во изладениот фил. Додадете го шќагот и промешајте.
Кружната кора попрскајте ја со малку овошен сок, па премачкајте ја со гилот. Преку него наредете ги бананите исечени на кругови и исечениот ролат. Премачкајте со остатокот од фил.
Украсете ја тортата по желба. Добар апетит!