Познатите понекогаш стануваат заштитни лица на производи за кои не се согласиле да ги рекламираат. Така убавата Скарлет Јохансон се појавила на плакат за играчки за возрасни.
Откако нејзините голи фотографии го обиколија светот, а хакерот е осуден на долгогодишна затворска казна, еден претприемач го искористил нејзиниот лик за да привлече нови клиенти.
Така Скарлет Јохансон станала ново лице на порно играчки, а плакатот на шпански е објавен во секс шоп на американско-мексиканската граница. Странските медиуми го прашале сопственикот за непријатната ситуација, но тој само рекол дека незнае која е Скарлет Јохансон.
“Сопственикот само порача, рековме дека сакаме девојка на плакатот и тоа го направија”, изјавил еден работник. Портпаролите на Скарлет Јохансон сеуште не реагирале на новата ситуација.