Јаде месо и пие пиво, вози ауди, два пати неделно се јавува кај мајка му, висок е околи 182 сантиметри, има кратка темна коса, а заработува годишно и добро се облекува.
Ова се карактеристиките на совршениот маж според 2000 жени испитанички кои уествувале во истражувањето кое го спровело еден моден бренд.
Жените додале и дека пожелно е мажот да има диплома и пристојна работа, а само 15% од испитаничките мислат дека мажот треба да има повисок степен на образование, како магистерска или докторат. Дури 70% од жените изјавиле дека би сакале да излезат со маж кој заработува повеќе од нив. Чуствителноста кај мажите ја ценат 86% од жените, додека 64% од нив мислат дека мажите треба да ги кажат зборовите „те сакам“, само ако навистина го мислат тоа.