Модата на Каран се асоцира со уникатниот градски дух на Големото Јаболко. Акцентот во пред-есенската колекција е поставен на класичниот стил но зачинет со доза градски шик.
Дизајнерката и овој пат останува верна на својата филозофија – мека и женствена силуета, но со присуство на дрскиот и самоуверен настап карактеристичен за модерниот мегаполис.