Една од најпознатите актерки на денешницата Пенелопе Круз добила единствена прилика – да сними голи сцени со нејзиниот идол!
Актерката Пенелопе Круз открила дека уживала во снимањето на голите сцени со својот идол, Мерил Стрип.
Познатата актерка позирала со цел промовирање на хуманитарна организација (RED) која се бори против СИДА.
-Штом пристигнав на снимањето, седнав топлец веднаш до неа, изјавила Пенелопе за средбата со Мерил.
-Тоа беше најинтересната љубовна сцена која некогаш сум ја снимила, прзнала актерката.
-Кога прв пат ги погледнав нејзините филмови станав опседната со неа. Сега, кога и да ја сретнам, ја бакнувам во образ. Веројатно мисли дека сум луда, изјавила убавата Пенелопе.