Џорџ Клуни ќе биде домакин на 150 луѓе на хуманитарна вечера во својот дом. Секоја личност која ќе дојде на вечерата ќе плати 40.000 долари, а покрај хуманитарна, вечерата има и политичка цел.
Всушност, Клуни на тој начин ќе го поддржи Барак Обама и неговата кампања. “Ќе направам се што можам со цел да го поддржам претседателот. Само да не ме замоли да пејам”, изјавил Клуни.
Парите од вечерата која Клуни ја организира, ќе оди во неколку организации на Обама и ќе им помогне да ги финансираат тршоците за претседателските кампањи. Клуни е познат по својот политички ангажман и претходниот месец беше уапсен пред Суданската амбасада во Вашингтон. Со Оба често се наоѓа со цел да му укаже на проблемите во светот.