Koenigsegg Agera R е тоа за што сонува секој заљубеник во суперавтомобили – 1115 коњски сили распоредени на маса од 1.290 килограми. Еден примерок на овој модел неодамна се појави на патеката Нирбургринг, на Gran Turismo собирот на сопствениците и љубителите на спортски автомобили.
Овогодинешниот Gran Turismo е одржан на Нирбургринг од 3 до 5 април, а во токот на трите дена продефилираа околу 100 спортски автомобили.
Agera R е снимена од непосредна близина, така да со уживање може да се „послуша” звукот на 5,0 литарскиот twin-turbo V8 мотор.
Според производителите, теориската максимална брзина на овој автомобил изнесува преку 442 километри на час, но не е и официјално потврдена.
Учесниците на настанот Gran Turismo морале да се задоволат со „само” 402 км/ч колку што Agera R достигна во текот на возењето на правиот дел на патеката Нирбургринг.