Потребни состојки:
- 300гр. ориз
- 100гр. посен мајонез
- 100гр. благ сенф
- 300гр. крупно сецкани несолени, печени кикирики, посолени по вкус, печен сусам, бибер по желба.
Начин на подготовка:
Сварете го оризот и веднаш измијте го со ладна вода да не се залепи. Кога ќе се олади, измешајте го со кикириките, посен мајонез, и останатите состојки. Добро промешајте и оладете.
Пријатен апетит…