Кој вели дека не можете да уживате долколку постите? Напротив – можете и морате, бидејки посните колачи со лешници и рум едноставно не оставаат простор за ништо друго туку само за задоволство.
Состојки:
- Рум
- 200гр. Лешници
- 300гр. Мелени ораси.
- 200гр.шеќер во прав
- 300гр. Какао – крема за готвење.
Подготовка:
Орасите и шеќерот замесете ги со рум, да се добие воедначена смеса. Направете топчиња и ставајте ги во калапи.
Секоја модлица да се прелие со растопена какао – крема, така да не се гледа филот и да се украси со цел лешник.