Марк Ентони се надевал на помирување со неговата поранешна сопруга Лопез, но сепак се одлучил да поднесе барање за развод кога пајачката му кажала дека е лудо заљубена во 18 години помладиот Каспер Смарт.
Марк во понеделникот официјално поднел барање за развод од ЏејЛо, точно девет месеци откако поранешните сопружници најавија дека се разделуваат.
Но, извор близок на пејачката тврди дека Марк одлуката ја донел по искрен разговор со Лопез за да дознае дали таа навистина сака да стави крај на нивниот брак.
Марк наводно сакал да се смири и и предлиожил на Џенифер да се обидат да го спасат бракот, но таа му признала дека е длабоко заљубена во Каспер и дека сака таа врска да успее. Ова многу го разочарало Марк, бидејќи не мисле дека може да се работи за сериозни и искрени емоции помеѓу Лопез и младиот танчер.