Експертите откриле зошто луѓето толку многу сакаат да гледаат филмови и серии каде се раскажува за несреќната судбина на двајца вљубени.
Од истражувањето се покажа дека кога гледаме несреќни луѓе по филмовите страдаме заедно со нив, но после тоа се чувствуваме подобро и посреќни. Ваквото чувство се должи на неколку фактори.
Сценарија како оние во Ромео и Јулија, или филмовите како Титаник, во кои обично има смрт или несреќна љубовна историја служи како утеха на луѓето, им покажуваат дека тие не се единствени, дека ваквите судбини се нормална појава. Ова е првиот и најчесто застапениот фактор или механизам – филмот како утеха.
Според експертите луѓето кои гледаат тажни филмови, почнуваат многу повеќе да го ценат својот живот и она што го имаат. Несреќната љубов на вљубените на екранот делува на гледачите да се замислат колку подобро изгледаат работите во нивниот живот и како се грижеле напразно за неважни работи.
Друг важен фактор е тоа дека луѓето понекогаш едноставно имаат потреба да доживеат конкретна емоција и дури да си поплачат, па макар било тоа и пред пред телевизорот на фонот на некоја тажна историја. Механизам на празнење или ослободување од емоциите.