Италијанскиот производител на супер автомобили Ferrari, претстави специјално издание за кинеските фанови на Ferrari. Ова специјално издание „458 Italia” се карактеризира со Marco Polo црвена боја и кинескиот симбол на змејот со златни и црни линии. Исто така купувачите ќе добијат и уникатни златни тркала и позлатена внатрешност. Ќе бидат произведени само 20 вакви автомобили, а првото претставување ќе го има на Shanghai World Expo Park. Фасцинантен автомобил.