Ова е едоставен овошен рецепт, а подготовката е лесна и брза и може да се приготвува во текот на цела година.
Потребни состојки:
- 1/2кг. Овошје по желба(свежо или од компот)
- 1 – шеќер во прав.
- По желба, листови од бадем
- 5 белки
- 250гр – шеќер
- 1/2л – шлаг
Начин на подготовка:
Овошјето може да биде и свежо или од компот, така што бирате по желба или по вкус.
Во поголема тепсија, да се стави масна хартија, да се посипе шеќер во прав и да се поредат листови од бадем. Рерната загрејте ја на 200 степени и ставете малку бадеми да се препржат. Изматете 5 белки, со 250г. шеќер и посипете на оладените бадемо.
Печете 10мин, потоа смалете на 160степени и печете уште 10 мин. додека белките не станат жолти.
Извадете и оладете.
Во меѓувреме измиксирајте пола литар шлаг и посипете го на оладен колач. Филувајте со овошје (јагоди, праски, марелици,вишни, ананас – се по ваша желба).