Пазарот на комјутерите во првиот квартал оваа година се зголеми за 7%, во споредба со истиот период од минатата година, објави истражувачката компанија Canalys.
Првите пет места на листата најголеми производители на компјутери се HP, Acer, Dell, Apple и Lenovo. Овие пет производители завземаат 60% од пазарот, а најдобро позицинониран меѓу нив е компанијата HP, која завзема 16,6 проценти од испорачаните компјутери во првиот квартал. Ова истражување ги има опфатено сите компјутери (dekstop, notebook, netbook i tablet), Apple се најде меѓу првите пет со своите 74% на пазарот за таблет компјутери. Canalys извести дека во светот се испорачани 6,4 милиони таблет компјутери во првиот квартал од оваа година. Иако се наоѓаат на првите две места HP и Acer забележале пад во однос на минатата година.
Во табелата можете да ги видите деталните цифри поврзани со дистрибуцијата на компјутерите во првиот квартал од 2011 година.