Колегите ја задавиле и ја отсекле главата на актерката!

popara20 април, 20121min00
Колегите ја задавиле и ја отсекле главата на актерката!

Двајца неуспешни актери ја киднапирале младата боливудска актерка, од нејзините родители барале откуп, а потоа брутално ја убиле.

Младата боливудска актерка Менакш Тапар (26) ја убиле колеги, а потоа и ја отсекле главата.

Неуспешните актери Амит Јаисвал (36) и неговата љубовница Прити Сурин наводно ја киднапирале актерката и од нејзините родители барале 20.000 откуп.

Младата актерка овие двајца актери ги запознала на снимањето на нејзиниот последен филм. Тие наводно ја слушнале како младата актерка се фали со своето богато семејство кое живее на истокот во Индија, решиле да ја киднапираат.

Актерите убијци ја повикале младата актерка да отпатува со нив до еден мал град кој е во близина на границата со Непал. Таму ја држеле како заложник и праќале пораки до нејзиното семејство за да им исплати 20.000 евра.

Амит и Прити се заканувале на семејството со тоа што им велеле дека младата актерка ќе мора да глуми во порно филмови, ако не им бидат исполнети барањата.

Сепак, младата актерка била брутално убиена. Таа прво била задавена, а потоа и била отсечена главата. Нејзините делови од телото биле фрлени на две локации за време на враќањето на убијците во Мумбај.

httpv://www.youtube.com/watch?v=jTJM3prXwsM

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag