Познатиот режисер Martin Scorsese и актерот Leonardo DiCaprio, повторно ќе ги здружат силите во филмот The Wolf of Wall Street, која ќе започне да се снима во текот на летото во Њујорк. Овие денови доаѓа и официјалната потврда дека актерот и режисерот имаат потпишано договор за нивната петта соработка.
The Wolf of Wall Street се базира на мемоарите на Jordan Belfort, поранешен брокер кој има пишувано за својот успех на пазарот на акции, за лудите забави и за судењето за измама и перење пари, по што тој помина две години во затвор.
Адаптацијата, или сценариото засновано на оваа приказна, ја пишува Terence Winter, еден од сценаристите на најуспешните серии The Sopranos и Boardwalk Empire.