Седумдесет годишниот Хара Пракаш последните неколку години го тетовирал своето тело и досега успеал да стави знамиња од 305 дрќави. Покрај нив, тој има истетовирано и 185 државни мапи, 165 мали знаменца и 2985 букви и знаци. Гинис Риши, е неговото ново име, по оборените неколку рекорди, моментално се наоѓа во Катманду на меѓународна конференција за тетовирани луѓе. Покрај грбот, кој целосно му е истетовиран, тој почнал да става тетоважи и на други делови од телото.
На овој начин индиецот сака да го промивира мирот во светот. “Мојот сон е да го прошетам светот. Сакам децата од различни земји да ме прашуваат каде се наоѓа знамето на нивната држава на моето тело“, изјавил индиецот.
И покрај тоа што нема подршка од семејството, која се срами да биде видено со него во јавност, Риши продолжува со својата мисија и по оборените 22 рекорда во различни дисциплини, се надева на продолжение на успехот.