Vernazza, Италија – мистериозното место кое ќе Ви го смени животот

popara23 април, 20122min00
1 (4)

Vernazza е град во  северна Италија, едно од местата кои го сочинуваат регионот Cinque Terre. Oва е местото во кое нема сообраќај и градот кој ќе Ви ги отвори очите. Зошто ??? Зошто овде ќе ја имате вистинската прилика да почувствувате дека животот е убав, без да бидете зависни од секојдневните политички случувања и без да бидете „ во чекор со последните случувања “…

Во превод, овој град значи мајчин град, што можеби е некоја случајност, поврзана со фактот дека местово дава некоја чудна енергија што Ви го сменува животот. Ова место е и признато како светско културно наследство на УНЕСКО. Денес, главен извор  за приходи, овде, е туризмот. Како сведоштво за старата традиција на риболов, производство на вино и маслиново масло, денес повторно се одржуваат значајни манифестации кои прават овие вредности да заживеат.

На 25 Октомври 2011 година, овој град беше погоден од поројни дождови, масивни поплави и лизгање на земјиштето, предизвикувајќи огромна штета. Градот беше евакуиран и континуирано продолжи вонредната состојба. Сепак не згаснува можноста дека ова место повторно ќе биде безбедно и ќе го менува Вашиот живот, позитивно…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag