Грците и турците се караат чив е ѓеврекот!

popara23 април, 20121min00
i87t

Атински весник се обидел да докаже дека ѓеврекот уште пред Исус Христос бил популарен и во Солун и во Истанбул.

Историските ривали, Турција и Грција, покрај многуте политички прашања, сега отворија и нов фронт за несогласување. Чив е ѓеврекот? Јадење кое се прави и во двете земји.

Истанбулската комора на продавачи на ѓеврек барале да го заштитат тој производ каок турски, но грците тврдат дека тоа пециво е нивно, познато под името коулури.

Причина за уште една расправија меѓу историските ривали ја отвори атинскиот весник Elefteros tipos кој се обидел да докаже дека ѓеврекот уште пред Христа бил популарен и во Солун и во Истанбул. Според тоа тој бил византиски производ, но не и турски.

Атина и Анкара неможе да најдат заеднички јазик за многу политички прашања, како решавање на кипарскиот проблем, поморската и воздушната граница на просторите на Егејското Море и други.

Во последно време, недоразбирања се јавуваат во сите сфери. Во Истанбул пред неколку години силно реагираа кога баклавата била претставена како типичен десерт на кипарските грци, а нешто слично се случило и со локумот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag