Колачи од вишни

popara25 април, 20121min00
kolaci od visni

Потребни состојки:

  • ¼ шољичка путер
  • 1 и 1/4шољичка ситен шеќер
  • 1- лажичка прашак за пециво
  • ½ лажичка сол
  • 1 – лажичка екстракт од пеперминт
  • 1 – лажичка ванила
  • 1 – јајце
  • 2 по ½ шољичка брашно
  • ½ шољичка ситно сомелени пеперминт бомбони
  • 48 црвени вишни со петелки
  • Крупен шеќер

Начин на подготовка:

Загрејте на печката на 180ц. Обилно премачкајте ја тавата за колачи со масло, оставете да стои.

Во голем сад, со миксер убаво изматете го путерот, на најјака брзина, 30 секунди. Постепено додавајте 1 и ½, шољи ситен шеќер, прашок за пециво и сол. Мешајте ги заедно пеперминт екстрактот, ванилата и јајцето. Замешајте што повеќе брашно. Потоа промешајте го тестото со уште малку брашно и бомбони.

Ставете ги преостанатите ¾ шољи, ситен шеќер во плиток сад. Обликувајте го тестото во топки од 2,5см. и валкајте ги во ситен шеќер. Втиснете ја секоја топка на дното и на припремените тањирчиња за колачи.

Ставете ги вишните, со рачките према горе, во секој сад ставете вишна. Печете околу 12 минути, или додека, не потемне тестото. Посипете со крупен шеќер додека се топли. Ладете  10 мин. на тава.

Со мал, оштар нож, одвојте ги колачите од страните на садот. Оладете ги до крај. Смесата е доволна за 48 колачи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma