Потребни состојки:
- ¼ шољички плус 1 лажичкa шеќер
- 3лаж. скробно брашно
- 1лаж. плус 1 ½ лажичка какао во прав , шеќер , сол
- 1 ¼ шоља павлака за готвење
- 1 ¼ шољичка млеко
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 170г полуслатка чоколада
- ½ лажички екстра мента
- 1 лажица плус 1 ½ лажичка оладен путер исечен на мали парчиња
- 10 чоколадни кекси
- Се украсува со листови од мента.
Начин на подготовка:
Во средна тава да се замеша шеќер, скроб, какао и 1/8 лажички сол. Во мераче измешајте ја павлаката, млекото и ванилата.
Долијте 1 шољичка мешавина од павлака и мешавина од шеќер и мешајте се додека скробот не се стопи. Додадете го остатокот од кремата со павлака и мешајте се додека не се соедини. Ставете го да се свари, со постојано мешање, па варете додека да се згусне околу 5 мин. Смалете го оганот на слабо, и додадете ја чоколадата. Мешајте додека да се стопи околу 1 мин.Тргнете ја од оганот. Додадете екстракт од минта и путер, па мешајте, се додека путерот не се стопи. Бро разделете го пудингот на 8 тањирчиња,. Се лади додека не се згусне.
Малку пред послужување, издробете кекс, во прав. Посипете го пудингот со по 1 лаж. кекс во прав , па украсете со ливчиња ментол.
Послужете го добро оладен…