Потребни состојки:
За кората:
– 4 јајца
– 1 прашок за пециво
– 400 гр свеж спанаќ
– 180 мл кисела павлака
За филот:
– 5 варени јајца
– 450 гр бело сирење
– 200 гр крем сир
– 30 гр сусам
– 3 лажици кисела павлака
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и посебно матете ги. Во жолчките додадете лажица брашно, па соединете ги. Спанаќот исчистете го и ставете го 10 минути во врела вода, а кога ќе се олади ситно исецкајте го и ставете го во смесата. Измешајте добро се, а потоа во подмачкан плех ставете ја смесата и печете на 170 степени 10 минути. Извадете го тестото ставете го на мокра крпа и сролајте го. Додека се лади тестото, направете го филот.
Сирењето и крем сирот измешајте ги, а потоа ставете ги и сусамот и киселата павлака. Оладеното тесто извадете го од крпата. Исфилувајте го, а варените јајца наредете ги покрај рабовите и повторно сролајте го. На крај ролатот премачкајте го со павлака и ставете сусам.
One comment
katerinatemkova
30 април, 2012 at 20:18
i like