Британецот Ејдан Смит (7) летно време мора да носи капа и ракавици, не смее да биде на ветар, ниту пак да плива, а лек за неговата болест нема.
Ејдан има ретка болест, алергија на студ. Момчето неможе да си игра со пријателите, а најмногу од се сака да плива но, не смее.
Болеста на Ејдан му била дијагностицирана пред четри години. Меѓу шестте лица во Британија кои боледуваат од оваа болест тој е најмладиот. Досега посетил повеќе од 20 лекари, но од сите добил ист одговор, нема лек.