Фановите на Лједи Гага во Јапонија имаат прилика на аукција да го купат филџанот кој еднаш го користела поп дивата, а цената на овој филџан, пед дена пред завршувањето на интернет продажбата во меѓувреме пораснала на 38.000 евра, а тоа не е конечна цена…
Од порцеланскиот филџан во комплет со тацна, Лејди Гага пиела чај на конференцијата за новинари во Токио три месеци по катострофалниот земјотрес и цунами кои н 11 март 2011 година го погоди североисточниот дел од Јапонија.
Пејачката тогаш најавила дека ќе го продаде на аукција филџанот на кој останала трага од нејзиниот кармин.
На филџанот е впишана пораката “Се молиме за Јапонија” и потпис на познатата пејачка. Цената од 38.000 не е конечна.
Сите пари од продажбата се наменети за студентите по уметност во Јапонија кои сакаат да студираат во САД.