За овој рецеп, не може да се каже ништо повеќе, освен дека е наубавиот чоколаден десерт кој во последно време е хит…
Потребни состојки:
Тесто:
- 50гр – какао во прав
- 24мл- врела вода
- 175гр брашно
- 12гр- прашак за пециво
- ½ лажички сол
- 125гр путер(собна температура)
- 2јајца
- 200гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
Чоколаден прелив:
- 200млл.- слатка павлака
- 300гр – чоколадо за готвење
- 50гр – путер
Начин на одготовка:
Прелијте го какаото со врела вода, соединете го и оставете го да отстои 20 мин.
Во друг сад измешајте брашно, сол и прашак за пециво.
Во трет сад пенасто заматете путер сo шеќер, па постепено додавајте едно по едно јајце (со константно матење).
Се додава ванилин шеќер па потоа се додава и мешавината од брашното, се мати само за да се соединат.
Да се постават на плех, корпиците за мафини.
Се полнат скоро до врвот и се печат на 190ц, во загреана рерна, 20 мин.
Додека се печат, припремете го чоколадниот прелив.
Загрејте ја слатката павлака до зовривање.
Тргнете од оганот и додадете го путерот и парчињата од чоколадото.
Мешајте цело време се додека не добиете глатка маса.
Оставете во замрзнувач на 2 мин. за да се стврдне.
Кога ќе бидат печени колачите извадете ги од рерната и преместете ги од плехот на чинија.
Покријте ги со крпа за да се оладат.
Кога ќе бидат сосема оладени, богато премачкајте ги со чоколадниот прелив, а потоа во умак од чоколадни трошки по желба.