
Во книгата „Како да го победиме немирот и да се радуваме на животот“ Дејл Карнеги спомнува една неверојатна историја за жена по име Боргилд Дал. Таа била практично слепа. Гледала само со едното око, но многу малку. На 52 годишна возраст судбината и прави неверојатен подарок. Таа добива шанса да биде оперирана во прочуената клиника Мајо и после операцијата видот и се подобрува со цели 40%. Така пред неа се открува нов, возбудлив, прекрасен свет. А ние секој ден имаме шанса да го гледаме овој прекрасен свет.
Но што гледаме?
Карнеги споделува дека за неа било прекрасно дури и да мие чинии и ги цитира нејзините зборови:
„Играв со белата пена во умивалникот. Ги дигав рацете кон светлината и во секое едно меурче светеа силни сончеви бои како мало виножито. “
Карнеги го завршува расказот за оваа уникатна жена со зборовите:
„Би требало да ни биде срам. Цел живот сме живееле на земја со раскошна убавина, но сме биле премногу слепи за да ја видиме, за да и се насладуваме.“
За мене ова не е уште една обична историја. Можеби зошто сега имам шанса да ја гледам мојата мала ќерка колку многу сака да си игра со меурчиња од сапуница. Гледам со каков жар го прави тоа и колку ја исполнува со среќа. Тоа ме тера да мислам дека ние не се раѓаме слепи.
Поточно, ослепуваме во моментот кога престануваме да сме деца. Ослепуваме кога стануваме возрасни и ја губиме способноста да се радуваме на вакви елементарни работи.
Но, никогаш не е касно да прогледаме повторно!