Младата сестра на принцезата Kејт продолжува со скандалите, па така и на еден маскенбал во Париз е забележана во страсна прегратка со Антоан де Таверност, младиот француски playboy.
Иако неодамна добила збрана, како од своите така и од кралското семејство, да внимава на нејзиното однесување, Пипа Мидлтон продолжува како и обично.
Младата сестра на војводката од Кембриџ лудо се забавувала на роденденската забава на аристократот Артур де Султево Париз, кој во својата вила приредил маскенбал, а во еден момент е забележана како се бакнува со шармантниот де Тавернос кој го бие глас дека е “женкар”.
-Се бакнуваше Антоан де Таверност. Иако во петокот вечерта изгледале како дечко и девојка, за Антоан тоа е само забава, ништо повеќе – изјавил еден од гостите на забавата.