Синот и се пожалил на мајката дека нема пари да се ожени и убаво да живее со својата жена, па затоа мајката решила да го продаде бубрегот и да му ја исполни желбата на синот.
Мајката од Кина сака да го продаде бубрегот за да собере пари и да го ожени синот. Синот се пожалил кај мајката дека нема пари да се ожени за девојката која ја сака и дека таа ќе го напушти.
Кога мајакта слушнала за несреќата на својот син одлучила да го продаде бубрегот. Најпрво мислела да го донира бубрегот за пари, но Црвениот крст ја спречил. Сепак, мајката не отстапува од својата намера и се надева дека ќе најде начин да го продаде бубрегот. Изјавила дека се ќе жртвува само нејзиниот син да се ожени.