Проверете во која група луѓе припаѓате вие и вашиот партнер. Ова е многу важно, затоа што луѓето од различните групи не се сосема компатибилни, па би било добро тоа да се знае, за да знаеме што да очекуваме од нашата врска и како тоа ќе се одвива.
Ерос – страсна, пред се физичка љубов, која се изразува со трепетот на пеперудите во стомакот, а другите делови од телото ни горат.
Прагма – се разбира практична љубов. Луѓето кои ја разбираат љубовта на овој начин, се на прво место прагматични кога бараат партнер. Тие избираат врз основа на рационални решенија односно со кого ќе си одговараат најмногу.
Агапе – љубовта која се изразува себе си под формата на алтруизам или жртва во името на другиот.
Манија – опсесивна љубов, која макар и длабока и интимна, најчесто вклучува љубомора, чувство за поседување и недостаток на комуникација. Манијакалната љубов често води до домашно насилство покасно.
Лудус – е љубовната игра. Во неа и двајцата партнери сакаат да се забавуваат, но нивната цел не е сериозна врска.
Сторге – е љубов базирана на пријателство. Оние кои ја гледаат љубовта вака, бараат партнер, кој ги споделува нивните интереси и наклоности и со кого можат да создадат долготрајна врска, базирана на доверба, сигурност и приврзаност.
Според спроведената анкета 80% од луѓето ја сваќаат љубовта како ерос. Агапе е на второ место. Прагма и сторге го делат третото место.