Секс на првиот состанок?!

popara6 мај, 20121min00
s2

Тој е привлечен, вие исто – зошто тогаш губите време? Повеќето девојки ја отфрлаат идејава плашејќи се дека ќе изгледаат ефтино во очите на другите. Пријателките ги советуваат да преминат во хоризонтала пред третиот состанок, а мајките – само после свадбата!

И општо кажано, секс на првиот состанок прават само лесните девојки! Но ако и на двајцата очите ви горат, а во стомакот летаат пеперутките, што уште чекате?

Се во сексот е прекрасно, кога тоа го сакаат и двајцата парнери. Еве и неколку аргументи „за“ секс на прв состанок.

Заштеда на време – вие мислите дека тоа е мажот од вашите соништа, но потоа кога ќе дојде на ред сексот, вие сваќате дека токму тука не си одговарате. Ако ништо друго, барем не сте си го губеле времето со човек со кој немате иднина…

Одличен начин да го запознете човекот подобро – овде е излишно да објаснуваме зошто!

Шанса да ги надминете предрасудите на поколенијата – од каде воопшто доаѓа тој стереотип, дека сексот на прв состанок ве прави лесна жена? По која логика креветот е мерило за вредноста на жената? Нели сексот е задоволство на кое имаат право подеднакво и тој и таа?

Се разбира, овде само по себе се наметнува прашањето дали сексот на прв состанок би можел да е почеток на нешто сериозно? Праксата покажала дека да! Многу среќни парови ја започнале својата врска токму така.

Никој не може да ја предвиди иднината, ниту вашите старомодни баби, ниту вашите совесни пријателки. Па затоа не чудете се, ако ваквиот секс се покаже дека може да биде основата на здрав и среќен брак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag