Пролетни ролнички

popara7 мај, 20121min00
2

Потребни состојки:

  • 1 лажица растително масло
  • 125 гр. – свинско, ситно сецкано.
  • 50 гр.исецкани ракчиња.
  • 2 – млади кромидчиња , ситно исецкани.
  • 200гр. Зелка, ситно исецкана.
  • 2 – лаж, брашно.
  • 8 кори за пита 20 x 15 см.
  • 1 лажица соја сос.
  • Масло за пржење
  • Сол
  • Бибер

 

Начин на подготовка:

Загрејте, масло во тава. Пржете го свинското, ракчињата и кромидот 5 минути и постојано мешајте. Додадете го сосот од соја и зачинете со бибер и сол по вкус.

Тргнете од оган и оставете на страна да се олади. Во посебна чинија помешајте брашно со вода за да добиете глатка смеса.

Поредете  ги корите како ромбоиди(со ивицата усмерена спрема вас) и ставете 1 лаж. од смесата на долниот агол, наспрема вас.

Преклопете го долниот дел од кората преку смесата. Останатите ивици натопете ги со смеса од брашно и вода. Преклопете ги страничните краеви и завиткајте. Повтерете ја постапката уште 7 пати.

Ставете ги ролниците во фрижидер на 30тина минути.

За тоа време во подлабок сад загрејте на 200ц,  500млл. масло.

 

Вметнувајте ги ролните во групи и пржете 3мин. или додека не поруменат.

Тргнете ги на хартиена салвета за да се исцеди вишокот на  зејтин.

Наредете ги на тањир и послужете ги како појако предјадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma