
П.С. Позајмено од „Алхемичарот“ на Пауло Коељо…
Алехемичарот зеде една книга, која некој од караванот ја беше донесол. Книгата беше без корици, но успеа да го открие името на авторот: Оскар Вајлд. Додека ги прелистуваше страниците, налета на една историја за Нарцис.
Алхемичарот ја знаеше легендата за Нарцис – убаво младо момче, кое секој ден одело на езерото за да ја гледа својата убавина во бистрите води. Бил толку опседнат од самиот себе, што еден ден така задлабочен во својата раскошна убавина, паднал во езерото и се удавил. На местото, каде паднал, изникнало цвеќе што го нарекле нарцис.
Но не вака завршува легендата според Оскар Вајлд.
Таму се вели, дека кога Нарцис умрел, дошле горските вили и виделе дека прекрасното езеро се претворило во камен, облеан со горчливи солзи.
Зошто плачеш? – го прашале вилите.
Плачам за Нарцис – одговорило езерото.
О, не е ни чудно што плачеш за Нарцис – продолжиле тие. Сите ние трчавме по него кога ќе поминеше низ гората, а единствено ти можеше да ја гледаш неговата убавина така блиску до себе.
Зарем Нарцис беше убав? – зачудено прашало езерото.
Па кој друг би можел да знае подобро од тебе? – одговориле изненадено вилите. Нели во твоите води тој секојдневно ја гледаше сопствената убавина?
Езерото молчело извесно време. Најпосле изустило:
Плачам за Нарцис, но не сум забележал дека тој беше убав. Плачам за Нарцис, бидејќи секогаш кога ќе се наведнеше над моите води, можев да ја видам во длабочината на неговите очи сопствената убавина…
Каква убава историја! – рече Алхемичарот.