Траволта, наводно, ангажирал масер преку интернет и закажал масажа за цена од 200 долари за еден саат. Масерот тврди дека на почетокот не знаел дека негов клиент е всушност познатиот актер. Кога се сретнале, тие отишле во хотел во Беверли Хилс. Масерот тврди дека го масирал актерот, кој додека имал ерекција ги допрал интимните делови на телото на масарот, а потоа му дал “непристоен предлог”.
Масерот тврди дека ја одбил понудата, по што Траволта му платил дупло од договорената цена и го нарекол губитник и го избркал од собата.
Масерот сега го тужи актерот и бара оштета во висина од два милиони долари.
ПР-от на Траволта ги отфрли овие тврдења велејќи дека актерот бил одалечен повеќе од 2.000 километри од местото каде што се случил наводниот сексуален напад.
Актерот одлучи да го возврати ударот и го тужи масерот за клевета и повреда на честта.