Лососот кој е богат со омега-3 , масни киселини, е риба која нутриционистите без двоумење ја препорачуваат за здравјето на крвниот систем . Освен тоа Лососот се карактеризира со одличен вкус.
Потребни состојки:
- 250г. Чаден лосос
- 500г. Широки резанки
- Три поголеми дршки аспарагус
- 2 чешниња, млад лук
- Половина чешне, обичен лук
- Малку сок од лимон
- 200мл.павлака за готвење
- 1дл. – бело вино
- Сол, бибер
- Малку свеж магданос
- 2 лажици путер
Начин на подготовка:
- Сварете го тестото.
- На путерот испржете ситно насецкан обичен лук, додека не поприми златна боја, потоа додадете ја павлаката за готвење и лососот кој претходно те го исекле на парчиња.
- Додадете сол, бибер, млад лук и аспарагус исецкан на ситни парчиња и варете на млак оган 5мин.
- Полијте со бело вино и на крајот додадете ја тестенината. Украсете со свеж магданос. Сервирајте топло со пармезан.