Овој стар обичај датира од 1835 година, а на денот на празникот за заштитничката на местото, сите луѓе пушат цигари, од 7 до 77 години.
Во Примоштен веројатно не се грижат за кампањите против пушењето, ниту пак за забраната дека малолетниците не смеат да пушат. Еден ден во годината во ова место пушат сите, мажи, жени и деца. Буквално сите оние кои можат да држат цигара во рака, од 7 до 77 години.
Овој стар обичај датира од 1835 година, кога трговецот Марко Пригин од Италија ја донел светата и чудотворна слика. Тогаш во местот владееле тешки болести, а луѓето не ја знаеле причината, ниту лекот, па затоа пушеле тутун. Верувале дека со димот ќе ги избркаат болестите, а за големо лудо сите болести исчезнале од местото кога стигнала чудотворната слика. Токму во нејзина чест сите жители пушат цигари.